Семки од лубеница: Направете грицки кои ќе го штитат вашето срце

loading...

Сите сакаат лубеница, но ви откриваме дека и нејзините семки не се помалку здрави и хранливи.

Лубеницата, покрај водата и шеќерот, ги содржи и витамините А, Б1 и Б2, Ц, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо и цинк.

Таа е идеален прочистувач на организмот, а последните истражување покажуваат дека семките од лубеницата се многу добри за здравјето.

Сепак, важно е да ги јадете одвоено од плодот, за да ги добиете најдобрите состојки: протеини, витамин Б, магнезиум и здрави масни киселини.

Во 20 грама семки, има дури 10 грама протеини, а сите состојки се важни за да го одржите нормалното ниво на холестеролот, делуваат антивоспалително и го штитат срцето.

Тоа што дополнително го имаме за вас, е еден краток и лесен совет, за приготвување на вкусни и здрави грицки со семки од лубеница:

Семките од лубеницата можете да ги пржите 15-тина минути на хартија за печење и на тој начин ќе добиете здрави грицки. Во 25 грама семки има 155 калории.

Пробајте!