Сергеј Варошлија се врати во етерот – еве каде ќе може да го гледате

ИЗВОРСкопје24
|

Модниот гуру Сергеј Варошлија повторно го гледаме на малите екрани, односно тој се враќа на нова фрекфенција или поточно на интернет.

Имено, од скоро на скопската Jingle TV модното шоу со Сергеј одново се емитува. Концептот не е нималку променет, се уште е оној стариот познат, по неговиот веќе виден и проверен терк: Или си топ или си фејк.

Може кој што сака да мисли за него, но едно е сигурно: Сергеј Варошлија е одличен познавач на модата, модните трендови и збиднувања во светот, а од друга страна тоа умее на забавен, оригинален и себесвојствен начин да и го пренесе на телевизиската публика.

Извор: Вистина.мк