СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА: Бев киднапиран среде бел ден, морав да му се јавам на татко ми кој имаше рак

loading...

Познатиот стилист, од неодамна и ТВ-водител, Сергеј Варошлија во интервју за неговата матична куќа „1TV“ првпат отворено проговори за својот приватен живот. Контроверзниот моден критичар во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки како никогаш досега зборуваше за животните подеми и падови, за зависноста од наркотици, својата сексуална ориентација, за деновите исполнети со неизвесност и страв.

„Бев киднапиран среде бел ден, морав да му се јавам на татко ми кој имаше рак“, „Ќе бидам неискрен ако кажам дека е неточно дека консумирав дрога“ и  „Мојот партнер е избркан од дома кога неговите дознале дека е со мене во врска“ се само дел од изјавите на Варошлија кои синоќа не ја оставија рамнодушна македонската јавност.

Имено, на Сергеј Варошлија се струпули на подот во најновото издание на блокот за мода “ во „Отвореностудио 1“ на „1ТВ“.

На познатиот стилист му се слоши откако почна да го коментира физичкиот изглед и фотографиите на Бети Цонева или позната како Бети „Сикрет“.

Претходно се беше во ред, но кога се појавија фотографиите на Бети, е тука веќе Варошлија не можеше да продолжи понатаму.

Погледнете како тоа изгледаше: