Шерифовиќ откри кој најмногу и недостасува додека е на турнеја во Америка

ИЗВОРскопје24
|

Марија Шерифовиќ која моментално е на турнеја во Америка, на својот Инстаграм профил објави фотографија каде јавно покажа кој најмногу ѝ недостасува. Станува збор за нејзиното куче од расата Англиски булдог. Таа под фотографијата напиша:

„Ми недостасуваш синко мој најубав. Ќофте мое, чварко моја, ванилици и манилици. Плазме кексу, хотдогу мој. Балерино и топ моделу. Најубав цвету. Око мое. Нозе мои грациозни. Те сакам. Ќе ти донесам многу гранули и брокули. И океј, секако ќе има и по некоја плескавица“.