Серија земјотреси утринава почувствувани во Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Неколку земјотреси биле почуствувани утрово во Македонија.
Земјотрес со епицентар во Албанија, а јачината била 3 и 2,2 степени според Рихтер.

Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.