Шест недели карантин – австралиски град воведува најстроги мерки досега

ИЗВОРСкопје24
|

Вториот по големина австралиски град Мелбурн од денеска на сила вовдедува пакет мерки кои ќе траат шест недели.

Одлуката е донесена поради новиот пин на инфекции. Австралиските држави ги заострија контролите на нивните внатрешни граници за да избегнат втор бран.

Мерките погодуваат околу пет милиони жители.

Неколку недели по постепеното отворање, жителите на тие области ќе можат да ги напуштат своите домови само од итни причини. Гости не смеат да се примаат во домови, а училиштата во погодените области нема да ги отворат своите врати уште една недела, како што е предвидено во училишниот календар.

Жителите на Мелбурн не смеат да го напуштат градот.