Сестрата на Огнен Здравковски, Оле кажа „да“

ИЗВОРскопје24
|

Огнен Здравковски ни е познат по учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што претходната сезона под менторство на Марија Шерифовиќ тој успеа да стигне до самото финале и да се претстави во најдобро можно светло.

Цела Македонија навиваше за „нашиот миленик“, како што многумина го нарекуваа.

Марија Шерифовиќ, неговата менторка до сега неколку пати имаше пофални зборови за нашиот кандидат, а во една прилика истакна дека од нејзината екипа тој е најдобар машки вокал.

Не и чудно за талентот на Здравкоски бидејќи потекнува од музичко семејство односно фамилијата Џорлеви, внук на легендата на македонската фолклорна музика Наско Џорлев, син на неговата ќерка, пејачката Софче и внук на вујко му, маестро Зоран Џорлев.

По завршувањето на шоуто, Огнен се врати во Македонија каде што продолжи со настапи пред неговата публика во родниот крај.

Овие денови Огнен повторно замина во Белгард, каде има многу пријатели од шоуто, но овој пат се врати со радосни вести.

Покрај тоа што беше гостин во неколку емисии и подготвува нова песна.

Тој беше дел од снимањата на една емисија на „Ѕвездите на Гранд“, па накратко прокоментира дека му недостига шоуто и целата еуфорија.

Меѓутоа, Огнен и неговото семејство имаат дупла причина за славење односно неговата пет години постара сестра Оле Здравкоска кажа „да“ на нејзиното момче Богдан Сундиќ од Белград.

Овие убави вести, Оле ги сподели на својот „Инстаграм“ профил, а Здравкоски не чекаше многу да ја сподели среќата што неговата сестра се сврши и наскоро ќе заплива во брачните води.

И како што знае во негов стил напиша „Вечни да сте ми мои најмили, ве сакам“ во описот на фотографијата.

Честитки пристигнуваа од сите страни, а една од нив беше и на српскиот пејач Саша Ковачевиќ кој изјави: „Само да им посакам се најубаво“ беше краток пејачот.

Како што е редот, екипата и расположеното друштво замина да прослави во кафеана.Веселата екипа беше задолжена за одлична песна и прекрасна атмосфера, а во еден момент запеја и Огнен.

Оле и Богдан беа во врска повеќе од две години, а нивната љубов сега ќе ја крунисаат со брак. На социјалните мрежи може да се видат нивни заедни фотографии од одмори, патувања, присуство на свадби, а тие исто така го бодреа и Огнен додека беше во музичкото шоу.

Зетот на Огнен е од Белград, а има завршено во училиште за туризам и угостителство.

Редакцијата на скопје24.мк на младите им посакува се најубаво во заедничкиот живот.