Северина јавно му упати честитка на својот сопруг, веднаш следеше коментар и од македонската пејачка

ИЗВОРСкопје24
|

Северина Којиќ е во брак со Игор Којиќ, а после гласините дека тие се разведуваат пејачката конечно им стави до знаење дека нивниот брак им цвета.

Имено, хрватската пејачка јавно му честиташе роденден на својот сопруг.

„Среќено впловувување на ова прекрасно машко суштество во 33 вртежи! Среќно, љубов. Сакам дека се сакаме. На љубовта се возвраќа со љубов“ – напишала Северина покрај споделената заедничка фотографија со Игор.

Набргу следуваше и одговор од Игор.

„Велат дека „Исусовите години“ се најсреќни.Фала ти љубов“ напиша Игор.

За 20 часа овој коментар доби повеќе од 600 лајкови, а фановите коментираат дека оди за Сплит и едвај чекаат да ги видат заедно. Меѓутоа, под објавата се најде и коментар на македонската пејачка Калиопи која напиша:

„Среќен тој, среќни вие“.