Северина падна на концерт, па сама си го објави видеото: Вредеше

ИЗВОРСкопје24
|

Популарната хрватска пејачка Северина одржа концерт во Врњачка Бања, и доживеа мала незгода на сцената која, за среќа, помина без поголеми последици.

Имено за време на концертот, пејачката изведувајќи ги сопствените песни танцуваше и скокаше на сцената, а потоа се сопна од звучникот зад неа и падна. За среќа момците од бендот беа веднаш зад неа и ѝ помогнаа да стане, а таа со насмевка на лицето се заблагодари за помошта. Северина расположена стана и го продолжи концертот.

Големината на еден пејач се гледа и во тоа колку самиот знае да се пошегува на своја сметка, па така таа без трошка срам на својот инстаграм-профил сподели видео од падот, со мал коментар по завршувањето на концертот.

„Еве сега концертот заврши, беше фантастично. Малку си го повредив грбот, но вредеше, како што би рекле луѓето, вредеше“, истакна Северина во видеото.

„Вредеше… Заради вас 20.000 под чадори. Ви благодарам Врњачка Бања“, напиша пејчката во описот на видеото.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.