Северина со емотивна објава: „Алекса, врати се дома“

ИЗВОРскопје24
|

Пејачката Северина со објава на социјалната мрежа Инстаграм реши да ги опише последните 54 денови од нејзиниот живот. Тоа е периодот откако судот одлучи нејзиниот син да живее со татко му.

Северина објави селфи на својот Инстаграм профил на кое има широка насмевка, а во описот зборува за тоа како се чувствувала овие 54 денови.

Поминаа 54 дена и поминаа „88 часа“… помина вечност додека тие „скијаат“… Во овој живот доживеав многу неправди.

Блиските ја продаваа мојата интима за мали пари, а за големи и сами знаете што сè може да се добие… На 28.11.2019, на моето лице имаше најмногу неправда и тага. Поминаа 54 денови тага… Но, во тие денови тага, имаше „88 часа“ радост и 54 дена нивен срам. А, мама добро ми рече – „немој Никој и Ништо да те растажи“. „Никој и Ништо“ тој 28.11 ме излажаа и ми ги наметнаа нивните тага и срам, но не можат да ми ја тргнат насмевката… ни од оваа фотографија, ни моите бројни нефотографирани насмевки.

Бидејќи „Никој и Ништо“ засекогаш ќе останат „Никој и Ништо“. Понекогаш стануваат „Никој и Нешто“… Можеби моментално „случајно“ скијаат, но нас не можат да нè поразат.

Не дозволувајте „Никој и Ништо“ да ви ги наметнат нивните тага и срам и да ви ја тргнат насмевката од лице. Мене никогаш не ми го направиле тоа… ниту сега… ниту некогаш… Фала Богу!

„Алекса врати се дома, ти зготвив тестенини.“

Инстаграм постот на Северина може да го погледнете ТУКА.