Си ги сакам стомачните мускули назад: Катарина Ивановска во последниот месец од бременоста

|

Македонскиот модел со светска кариера Катарина Ивановска ужива во последниот месец од својата бременост.

Често можеме да ја видиме на јавни настани, на кои го истакнува трудничкото стомаче во тесни фустани.

Пред скоро месец го прослави својот 31-ви роденден во кругот на најблиските, а го откри и полот и името на бебето.

По нејзините последни фотографии на профилот на Инстаграм може да се забележи дека Иванова е носталгична по своите големи манекенски денови.

Овојпат таа стави фотка во бикини под која напиша: „Ги сакам моите стомачни мускули назад“.