Силен земјотрес од 6,8 степени ја погоди Турција!

ИЗВОРСкопје24
|

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Турција. Епицентарот бил во близина на градот Елазиг на длабочина од 10 километри.

Засега се очекуваат први информации околу штетата направена со овој земјотрес.

За потсетување дека во Албанија во Драч минатата година земјотресот од 6,4 степени според Рихтер одзеде педесетина животи, а беа уништени неколку згради.