Силен земјотрес во Грција, ги вознемири жителите на Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево

loading...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера на 07.11.2018 година во 17часот и 45 минути регистрирше земјотрес, 150 km југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.0, а беше почувствуван од населението во јужните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Освен овие два помали потреси го затресоа подрачјето кај западниот грчки остров Закинтос пред само неколку дена, но не е пријавена било каква штета, соопштија тогаш грчките геолошки експерти.

Атинскиот институт за геодинамика соопшти дека потресите се случиле во период од 7 минути.

Првиот, со јачина од 4,4, степени е регистриран во 5.11 часот по локално време, додека епицентарот бил на 78 километри јужно од Закинтос на длабочина од 10 километри.

Седум минути подоцна, потрес со јачина од 5 степени е забележан на 59 километри југозападно од островот, на длабочина од 7 километри.

Закинтос на 26 октомври го погоди и силен земјотрес, со јачина од 6,4 степени, а од тогаш се регистрирани 21 последователни потреси со јачина од 4 до 5,5 степени.

Како последица на силниот земјотрес од пред 10 дена, овој грчки остров се помести најмалку 3 сантиметри кон југозапад, што е заклучено врз основа на дигиталната обработка и анализите на радарските снимки кои ги направија сателитите ЕУ и ЕСА Сентинел – 1 на сервисот Коперникус.