СИЛНИОТ ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА НИ НОСИ ДОЖД, СНЕГ И ЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА, ОСОБЕНО НА ПЛАНИНИТЕ

|

Февруари месец би тебало да ја покаже вистинската зимска идила. Барем според последните анализи очекуваме почести продори од север кој би условувале ладен воздух и врнежи од снег и на пониските места (градови).Да напоменеме дека повремено се очекуваат и јужни струења кој ќе условуваат натпросечно високи температури. Многу е тешко да се даде анализа за повеќе денови однапред .

Инаку и во следниот период нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот залив. Очекуваме повремени врнежи од дожд и снег и истите локално ќе бидат ОБИЛНИ.

На планините особено на запад ќе дојде до зголемување на снежната покривка (над 40 цм). Помала снежна покривка повремено има услови да се формира и низ градовите особено на запад. Температурите позначително ќе се намалат и ќе бидат околу просекот за овој дел од годината.

Да напоменеме дека долгорочното анализирање на времето и не е баш најпрецизно, затоа граѓаните добро би било да ги следат нашите краткорочни анализи на времето, тие се далеку попрецизни.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!