Силниот ветар откорна покриви и сруши билборди низ Скопје – Град Скопје со апел до граѓаните (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Силен ветар го зафати главниот град. По тивкиот и топол февруарски ден, вечерта донесе силен ветар кој руши низ Скопје. Веќе пристигаат информации за паднати дрвја. Во скопски Карпош е паднато дрво врз автомобил. На социјалните мрежи се појави и предупредување од возачи дека на булеварот „Партизански одреди“ ветарот има паднат билборд.

Во скопската населба Даме Груев силниот ветер откронал покриви, а кус период во населбата немало струја. И жителите на Волково се соочиле со непријатности од невремето.

УХМР јави дека во вечерните часови почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни. Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата, па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Во раните утрински часови можна е појава и на снег – објави Град Скопје насвојата фејсбук страница. Понатаму додаваат:

„Ги повикуваме граѓаните да се воздржат од непотребни излегувања од домовите, да избегнуваат прошетки под дрвореди и да не ги паркираат своите возила под крошните на дрвјата.

Градските екипи се подготвени за расчистувањето на снегот, а од „Паркови и Зеленило“ се веќе на терен каде ги подигнуваат паднатите гранки и дрвја“.