Силно невреме го зафатли Дубровник, Страдун е целосно поплавен

ИЗВОРСкопје24
|

Невремето на хрватското крајбрежје синоќа го зафати и Дубровник, каде што дојде до излевање на морето, а познатиот Страдун, Стариот град, е целосно поплавен.

Поплавени се неколку улици во Дубровник, дел од Лапад остана без електрична енергија, поплавено е и Госпино Поле, а избувна и пожар над Комолац, кој брзо беше локализиран од пожарникарите, пренесува „Дубровнички дневник“.

На неколку места има излеани шахти, а многу возачи имале проблеми во сообраќајот.