СИЛВИЈА: НАЈНОВИ ДЕТАЛИ

loading...

Циклонот СИЛВИЈА останува да влијае на времето кај нас и денес и следните денови.

Вотекот на денешниот четврточен ден времето во државава ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за ретка појава на град особено во планинските региони.

Нестабилноста ќе ја има особено од околу пладневните часови па натаму и повеќе ќе ја има на запад иако локална нестабилност може да се очекува и во другите предели на државава.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Утре (петок) попладне и навечер на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локално НЕВРЕМЕ а ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец со што од север ќе започне продор на значително посвеж воздух.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.