Симон Трпчески со песна од Тоше Проески испрати порака да се чуваме (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот пијанист, светски познатиот Симон Трпчески, на својот фејсбук-профил постираше видео со порака за поддршка во екот на пандемијата на коронавирусот.

„Здраво на сите. Среда е среќен ден, како што велиме ние во Македонија! За убави нешта! Да се надеваме само на убави нешта набрзо и да ја победиме ситуацијата!“

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Исто така, на социјалните мрежи камионџијата Александар од Прилеп сподели видео кое многумина го споделија и за краток период стана буквално вирален хит. Тој е камионџија кој вози низ државите во Европа.

Александар упатува директен апел до сите Македоцни, до сите оние кои сакаат да патуваат и да се вратат назад во земјата. За нив има една порака: Останете каде што сте, не се враќајте назад во овој период.

-Веќе 15 денови се немам вратено назад, не сакам да одам ниту во Ријека каде моментално престојувам. Во последниот период многу наши Македонци ми пишуваа на социјалните мрежи и прашуваат дали е можно да се најде некој камионџија кој за пари би ги префрлил до Македонија,- вели Александар.

Тој силно ги моли сите во ваква кризна ситуација да останат каде што се. Јасно е дека сите ги сакаме своите најблиски и најмили, но со тоа што ќе патуваме низ земјите ќе ги доведеме во опасност.

Слушнете го добро Александар, неговите повици се крајно искрени и реални:

Gepostet von Aleksandar Čačoro Boškoski am Dienstag, 17. März 2020