Синот на Цеца ја покажа новата тетоважа: Ликот на овој човек на сите нас ни е добро познат, а кога ќе видите каде го истетовира ќе занемете

ИЗВОРСкопје24
|

Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Цеца на социјалните мрежи објави фотографија на која е гол, а на сите во очи им падна неговата нова тетоважа.

Местото за новата негова тетоважа е неговата рака, а на тетоважата е Гаврило Принцип кој пука со пи*тол.

Според коментарите на фановите оваа тетоважа му стои одлично, а и позитивно ја прифатија многумина.

Инаку Гаврило Принцип е познат по тоа што извршил атентат на австроунгарскиот принц Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија во Сараево на 28 јуни 1914 година.

Главна вест во српските медиуми инаку е свадбата на синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ а таа пак не ја крие возбудата која ја чека оваа година по повод женењето на својот син Вељко Ражнатовиќ.

Свадбата која ќе биде за неколку месеци ќе биде традиционална, пренесуваат српските медиуми.

Исто како неговиот татко Вељко ќе ја земе својата свршеница Богдана Родиќ од своето родно место, ќе пука во јаболко и ќе ги применува сите традиционални обичаи.

Потоа младенците, сватовите и роднините ќе се вратат во Белград каде ќе ги дочека Цеца, а воедно и ќе се одржи венчањето. Ова ќе биде најголема веселба во семејството на пејачката по свадбата на Цеца и Аркан.

Пејачката не крие дека веќе во ек се подготовките и дека нема да штеди пари за нејзиниот син.