Синот на човекот што доби срце: Семејството на Емилија да знае дека нејзиното срце уште чука

ИЗВОРСкопје24
|

Синот на човекот кој доби срце, Васил Огненовски не ја криеше радоста што неговиот татко успеа повторно да ја добие најважната битка.

Тој изрази голема благодарност и сочутво до семејството на Емилија од Дојран.

„Ќе кажам само едно големо благодарам што со донирањето се спасија три животи. Еднаш докторите го вратија татко ми во живот, сега ова е вторпат. Да стивне болката и очекуваме да се запознаеме со семејството на Емилија. Да изразиме сочство и да знаат дека срцето на нивната ќерка, мајка, сестра, се уште чука. Тоа не поврзува“, рече Огненовски.

Инаку министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на пациентот, на кој му беше трансплантирано срце.

На експлантацијата работеле др Марјан Шокаровски и др Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, др Александар Николиќ од Аџибадем Систина, а од КАРИЛ анестезијата ја воделе др Маја Мојсова Мијовска, др Весна Дурнев и др Билјана Андоновска.

Трансплантацијата на срцето ја работеле проф. др. Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со др Васил Папестиев, Др Марјан Шокаровски, др Ванѓел Здравески, др Кјутим Џелили, др Тања Анѓушева, др Никола Христов, др Стефанија Хаџиевска, Др Надица Мехмедовиќ, др Весна Миташова, Др Јасмина Илиевска, др Марија Гераковска и др Димче Славевски од Аџибадем Систина.