Синот на Марина Туцаковиќ повторно се огласи – Од овие зборови на многумина ќе им надојдат солзи: „Семејството ти е се’!“

|

Синот на Марина Туцаковиќ пред неколку дена барајки итна помош за неговата мајка откри дека таа е во многу лоша здравствена состојба и дека згора на се испаднала и позитивна на тестот за заразата.

Оваа објава ги трогна сите кои со молитвите беа свртени кон Туцаковиќ, но со поскедната објава на Милан Лача Радуловиќ која ја сподели на Твитер пост многумина се расплакаа и ја сфатија суштината на животот.

– Колку да не сум конзервативен во овој момент ја сфаќам вистината на клишето дека семејството ти е се, напиша Радуловиќ на Твитер.

Инаку во вторникот Марина имаше на пад на гушење, по што реагираше итната медицинска помош. Таа некое време беше приклучена на кислородна поддршка и инфузии со што ситуацијата малку се подобри, но нејзината состојба и понатаму не е стабилна.