Синот на популарниот актер Пирс Броснан ги освојува модните писти

ИЗВОРскопје24
|

На годинешната Модна недела во Лондон, а во склоп на добротворната манифестација „Фешн фор рилиф“, чиј домаќин оваа година беше манекенката Наоми Кембел (49), во Британскиот музеј ревијата ја носеше Пирс Броснан (66), Парис (18).

За разлика од Пирс, кој го посвети својот живот на актерството, Парис ги освојува модните писти во целиот свет, а деновиве се појави на пистата заедно со Стела Максвел (29) додека од публиката гордо го следеше татко му.

На почетокот на минатата година најмладиот син на актерот потпиша договор со модна агенција и дебитира на ревијата на италијанскиот бренд „Долче и Габана“ во Милано. Тогаш критичарите го оценија неговиот изглед на пистата „одличен“ и рекоа дека е убав како татко му.

Постариот брат на Парис, Дилан (22), исто така се занимава со манекенство, а дебитира во 2014 година на ревијата на Сен Лоран.

Пирс ги доби Дилан и Парис со новинарката Кили Шеј Смит (55) со која се венча во 2001 година. Од бракот со неговата покојна сопруга, австралиската актерка Касандра Харис, има син, Шон (36), кој исто така се занимава со актерство.