Сите го имаме дома: Го чисти организмот, ја прави кожата сјајна и лечи се

loading...

Иако многумина не знаат за овие дејства на квасецот, тој чини само 7 до 10 денари, а лекува се. Богат е со витамин Б, протеини, аминокиселини и минерали, а има и многу селен.

Ако се зема во мали количини делува како антибиотик и лекува болести.

Можете на ден да земате две мали лажички растопени со вода.

Делува и на кожата па може да го користите и како маска за лице, но и како маска за коса.

Лебниот или пивски квасец (Saccharomyces cerevisiae) е вид на квасец. Тој е најкористениот квасец. Се користи во пекарството, производството на пиво и вино уште од антички времиња. Се верува дека првично бил изолиран од лушпата на грозјето (може да се забележи како компонента на тенкиот бел филм на лушпите на некои темно обоени овошја, како сливите; се наоѓа помеѓу восоците на растителната кутикула. Се размножува со процес на пупење.

Корисни својства

Пивскиот квасец изобилува со витамини од групата Б, еенцијални аминокиселини, железо, селен, цинк, магнезиум, калиум, натриум и други минерали. Поради тоа, тој има широк спектар на лековити дејства и особено им се препорачува на луѓето кои се изложени на зголемен ризик од појава на болести на нервниот или локомоторниот систем. Поради високата концентрација на витамините од групата Б, пивскиот квасец ги ублажува тегобите поврзани со болестите на нервниот систем и ги ублажува психичките пречки, уморот и депресијата. Исто така, тој го подобрува паметењето и концентрацијата, ја подобрува крвната слика и помага во лекувањето на слабокрвноста. Поради тоа, пивскиот квасец често се користи како додаток во исхраната, најчесто во форма на таблети или во прав.