Скопјанец со автомобил се качи на жардињера на Партизанск, возило на МВР гореше во движење

|

Сообр аќајна нез года попладнево се случи на булеварот „Партизански одреди“. Возач на автомобил „Опел Корса“ со скопски регистерски таблици се качи на жардињера.


ФОТО: Курир

Имено незгодата поминала само со материјална штета и без повр едени лица во непосредна близина на Факултетот на туризам.

Причините се се уште не се познати, а полицијата излезе на лице место.

Исто така, вчера, на 25.07.2022 во 16.03 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Слупчане, липковско, настанал пожар во возило во движење „опел фронтера“, сопственост на МВР.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на настанот.