На 26.06.2023 во 19.10 часот на место „Марков Манастир“, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Б.П.(64) од Скопје, поради тоа што околу 15.30 часот, по претходна расправија со С.С.(41) од Скопје и М.Н., им се заканил со огнено оружје.
Од пријавениот биле одземени воздушна пушка и дијаболи. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Неготинчанец ја демнел поранешната вереница, за што доби кривична пријава.
Жител на Неготино на возраст од 35 години, според полицијата, со месеци ја следел и ја демнел поранешната вереница, испраќајќи ѝ писма и несакани пораки.
„На 27.06.2023 ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Б.П.(35) од Неготино, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од февруари 2023 до 02.05.2023 година, пријавениот неовластено ја следел неговата поранешна вереница и ја вознемирувал со пораки преку „Вајбер“ и со испраќање писма до домот во којшто таа живее“, информираат од полицијата.
Основното јавно обвинителство Скопје месецов поднесе Обвинителен предлог против едно лице за две кривични дела – Демнење од член 144-а од Кривичниот законик, додека уште едно лице се гони за помагање при извршување на наведеното кривично дело. Човекот прогонувал маж и жена, ги сликал и им се заканувал.