Скопјани помасовно излегуваат на гласање денеска отколку во првиот круг – Еве каде најголема а каде најмала излезноста

|

Сѐ уште продолжува трендот на поголема излезност во главниот град споредено со првиот круг од локалните избори. Вкупно на целата територија на Град Скопје излезноста до 13 часот е 22,88 отсто, додека пред две недели таа изнесуваше 18,71 проценти.

Како и претходно најголем раст на излезноста има во Карпош и Кисела Вода. Во Карпош денеска до 13 часот на гласање излегле 29,54 отсто од гласачите, а пред две недели истото го сториле само 20,76 проценти. Во Кисела Вода, пак, излезноста до 13 часот е 27,03 отсто, додека во првиот круг изнесувала 21,38 проценти, потоа Центар со 28,15, Ѓорче Петров со 25,63, во Аердром 26,06, Гази Баба со 23,51, додека во Шуто Оризари 15,72, а во Чаир 19,82 отсто.

Сарај е единствена скопска општина каде излезноста денеска е пониска отколку во првиот круг, излезноста во Арачиново е околу 26,36 проценти, а во Студеничани 20,51 проценти.

До 13 часот излегле 10,46 отсто од гласачите, додека пред две недели таа изнесуваше 13,52 проценти. На ниво на држава излезноста изнесува 24,30 %.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ИЗЛЕЗНОСТА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД ДО 13 ЧАСОТ: