Скопјани спремете се: Овие населби утрово без вода

|

Поради дефект на затворач ф-100 мм на ул.„Сердарот“ бб (под пругата), денеска прекинатото водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Сердарот“, „Киро Фетак 1“ и дел од Долно Лисиче, информираа од ЈП „Водовод и канализација“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување со санација на дефектот.

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува неделниот извештај на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

-Секторот за санитарна контрола во периодот 15.11.2021 до 19.11.2021 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.