Скопјанка ограбила маж додека се возеле заедно во автомобил

ИЗВОРСкопје24
|

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во околу 23:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода ја лишиле 30-годишната С.Р. од Скопје, затоа што на ул.„Мара Угринова“, додека се превезувала во возило со 45-годишниот И.Н. од Гостивар, му одзела паричник со пари.

Таа била задржана во Полициската станица Гостивар, а парите му биле вратени на С.Н.

Се расчистува случајот и против С.Р. ќе следува поднесок, велат од полицијата.

Дополнително во записникот на МВР стои дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Т.К.(33), Н.Л.(41) како и против правно лице, сите од Кичево.

-При извршена контрола на 22.10.2020 година во Кичево, полициските службеници го затекнале Т.К. при вршење јавен превоз на патници со патнички автомобил „фолксваген голф“, сопственост на правното лице информира МВР.

Притоа констатирале дека тој не поседува извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници, што е обврска на правниот субјект преку Н.Л. како одговорно лице.