Скопјанка влета со автомобил во Канцеларијата на ЕУ во Скопје

|

Жена со автомобил влета во Канцеларијата на Европската унија во центарот на Скопје, објави Сител. Инцидентот се случил вчера рано наутро околу четири часот.

Од засега необјаснети причини жената влетала и го скршила стаклото на Канцеларијата.

Таа ги поминала барикадите и стигнала до зградата во која е сместена Канцеларијата на ЕУ.

Се очекува МВР да соопшти детали за настанот.