Скопје го одбележува Денот на ослободувањето

ИЗВОРСкопје24
|

Со повеќе активности денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Делегацијата е предводена од попретседателот Горан Мисовски, а во состав: Илија Николовски и Жаклина Пешевска ќе положи венци свежо цвеќе, и тоа: во 11:00 часот пред Споменикот на ослободителите на Скопје, на Партизанските гробишта во Бутел;во 11:30 часот во Алејата на заслужните граѓани, на гробот на генералот Михајло Апостолски во Бутел и во 12:30 часот пред Споменикот на ослободителите на Скопје, плато пред Владата.

На 13 ноември пред 74 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.