Скопје ќе оддаде почит на Балашевиќ преку организираниот настан пред Универзална сала

ИЗВОРСкопје24
|

Сите фанови на Балашевиќ денес ќе имаат можност да му оддадат почит преку настанот „Скопје за Балашевиќ“ кој Град Скопје го организира денес со почеток од 19.00 часот пред Универзална сала.

„Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно. Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда. За време на оддавањето почит, заедно да ги почитуваме протоколите за заштита“, стои во соопштението на страната за настанот „Скопје за Балашевиќ„.