Скопје синоќа беше шести најзагаден град на светот

loading...

Скопје синоќа беше еден од најзагадените градови на светот. Тој се најде на шестото место по загаденост во светот на глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“), пренесува Канал 5.

Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од енормни 160, и градот се најде во друштво со традиционално најзагадените градови како Лахоре, Њу Делхи, Ченгду и Пекинг.

Најалармантно синоќа беше кај Ректорат со измерени 240 ПМ честички на метар кубен, односно пет пати над дозволените граници.

Неколкукратно над дозволеното беше загадено и во Струмица, Битола, Куманово Гостивар и во Кавадарци.

Без струја ќе останат делови на Бутел, Центар и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови од Бутел, Центар и Карпош.

Од 8:45 до 9:45 часот без струја ќе бидат корисниците од левата страна на Радишански пат (општина Бутел ). Од 8:30 до 14:30 часот струја ќе немаат корисниците од ул. Мирче Мацин, Мирче Ацев и бул. Филип Втори Македонски, (објектите во близина на паркингот кај ГТЦ: пералницата, угостителските објекти и домаќинствата од тој реон (општина Центар).

Од 9:30 до 15 часот корисниците од дел од ул. Скупи подулицата 3-а, дел од бул. 8 Септември (општина Карпош), од 9 до 15 часот, корисниците од дел на Горни Жданец (општина Карпош), а од 10 до 13 часот корисниците од дел од ул.Козара и дел од ул. Васил Ѓоргов (општина Центар).