СКОПЈЕ СИТИ МОЛ ЗА 7 МИНУТИ ГИ ЕВАКУИРАШЕ СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ

ИЗВОРСкопје24
|

Денешната дојава за подметната направа во просториите на најголемиот затворен трговски центар – Скопје Сити Мол, ги мобилизираше буквално сите вработени, вработените во продажните места и менаџментот со цел безбедно да ги евакуираат посетителите.

“Обемноста на објектот е голема, затоа поради ваков тип на случувања, Скопје Сити Мол во текот на годината организира претходно најавени вежби за евакуација, независно дали станува збор за вежби од карактер на подметнати направи, пожар или укажување на прва помош. На овој начин ги запазуваме сите светски стандарди за безбедност на трговски центри од затворен карактер, им благодариме на сите вработени со чија помош успеавме за неполни 7 минути да ги евакуираме сите.” – изјавија Скопје Сити Мол.

Во евакуацијата учествуваа и припадниците на МВР – Скопје, Противпожарните Служби на Град Скопје и Прва помош.

“Истрагата е во тек, а во јавноста ќе изнесеме официјална информација во текот на денот.” – додадоа од Скопје Сити Мол