Скопје заличи на Италија: Одлична атмосфера, распеани соседи, диско светла- забавата на Диџеј Бабура Џуниор

ИЗВОРСкопје24
|

Изминатиов викенд, Диџеј Бабура Џуниор организираше „Велигденска карантинска забава (Балкон Парти)“ во населбата Карпош во Скопје.

Одлична атмосфера, распеани соседи, диско светла- забавата на Диџеј Бабура Џуниор за момент направи Скопје да заличи на оние вирални видеа кои постојано ги гледаме, од Италија.

– Само еден фрагмент од вчерашната Велигденска забава. Ви БЛАГОДАРАМ на сите кои што присуствувавте, бидејќи без Вас немаше да биде величенствена. Ми ја наполнивте душата. Ова го правам за сите нас- напиша тој под видеото од вечерта, во кое ечи „Bella Ciao“.