Скопје желно за рок музика: Црвена јабука со два неверојатни концерти исполнети до последно место

|

По пауза од година и половина, сараевската поп-рок група Црвена јабука конечно во Македонија. Скопје ја имаше честа по подолго време да ја почувствува магијата на оваа, можеби најконзистентна рок група на Балканот, со дури два последователни концерти овој викенд, во склоп на 30 годишното постоење на Авалон Продукција.

Билетите беа рекорно распродадени за само 24 часа од нивното пуштање во продажба, а публиката имаше што да види и чуе, во речиси три часовното шоу во Македонска Филхармонија.

Јабука е еден од ретките бендови кои речиси секоја година на публиката и сервира нови песни, хитови и албуми, со кои ја почестија и публиката во Скопје, во комбинација со нивните стари и култни евергрини.

Најпрво со песната “Bezi kiso s prozora” го избркаа дождот, па во тој ритам продолжија и со култните “Дирлија”, “Svidja mi se ova stvar”, “Ako odesh ti”, а со ” Moje najmilije” ја кренаа публиката на нозе.

Публиката најмногу се разнежни на “Туго несречо”, песна која во срце ги погоди Скопјани и носталгично во еден здив пеејќи ја, направија одлична атмосфера заедно со запалените мобилни телефони и ѕвезденото небо.

Секоја песна на Јабука е љубовна, но со песните како “Ukras cu ti snove”, “Cesto pitam za tebe”, “Tvoga srca vrata”, публиката емотивно се наполни со енергија и барем за момент направија секој еден од нив да ужива во љубовните ноти.

Секако дека не недостасуваа и евергрините “Ima nesto od srca do srca”, “Nekako s’proleca”, “Tuga ti i ja”, “Tamu gde ljubav pocinje”, “Zovu nas ulice” и многу други.

За тоа колку се големи како име, бендот Црвена јабука, зборува и фактот што не заборавија ниту да запеат и некоја македонската песна, па во таа чест ги извесоа и “Ако умрам ил загинам”, а не поддржаа и со песната “Македонија”… поддршка која во ова време на секој Македонец му е потребна.

Пред крајот се потсетија и на својот колега Тоше Проески на кого му ја посветија “Bacila je ave niz rjeku”, која и тие, а и нашата легенда често сакаше да ја изведува.

Дека публиката е желна за рок музика доказ се овие два концерти, но и фактот што и покрај речиси три часа квалитетна музика, публиката не сакаше да си замине дома, па бендот се врати на бис и изведе уште неколку песни, за на крајот концертот да го затворат со песната “Остани” и ветување дека набрзо повторно ќе се вратат во Македонија.

Наталија Јосифоска