СКОПСКИОТ МАРАТОН ИДНАТА ГОДИНА ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ БИДЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ ЗА СП

|

„Виз Ер“ Скопскиот маратон кој ќе се одржи на 10 мај 2020 година, за прв пат ќе биде трка за квалификации за Светското првенство под капата на „Abbott World Marathon Majors“.

Трката на Виз Ер Скопскиот маратон што ќе се одржи на 10 мај 2020 година за прв пат ќе биде квалификациска трка за светско првенство за старосни категории под капата на

– Виз Ер Скопски маратон стана партнер со „Abbott World Marathon Majors“. Ова е серијал од шестте најголеми маратони познат како Големата шестка, во која се вбројуваат Бостонски, Лондонски, Токиски, Берлински, Чикашки и Њујоршки маратон. Воедно, маратонската трка на Виз Ер Скопски Маратон 2020 ќе биде квалификациска трка за светското првенство во старосни категории во 2021 кое најверојатно ќе се одржи во Чикаго. Сите учесници во маратонската трка ќе добијат бодови во зависност од пласманот и резултатот и ќе влезат во ранкингот на ова натпреварување, соопштија од тимот на Виз Ер Скопски маратон.

Пријавувањето за маратонот почнува од денеска. Во првите два дена пријавените ќе може да ги изберат своите омилени старти броеви.