Скопскиот Шабан Паша се вљубил во млада Македонка на која и ја подарил Беговата палата

ИЗВОРСкопје24
|

Во дел од предградија на Скопје години наназад нагло се граделе куќи од тврд материјал со модерен конфор. Новоизградените куќи ги задоволувале основните потреби, биле светли и пространи, со високи тавани, со санитарни чворови, водовод, канализација, парно греење, а според начинот на живот во богатите скопски семејства, во куќата имало и соба за послуга.

Особено убави куќи имало во делот околу тогашната Женска гимназија, во продолжение на дрвеното мовче. Во овој дел живеело богато население – Евреи, Срби и Македонци.

Особено интересна градба во овој дел на градот била Беговата палата. Проектот за оваа палата го изработил архитектот Иван Артемушкин, а според кажувањата, сопственик бил познатиот скопски Шабан паша.

Постои легенда за Беговата палата, според која неа ја изградил турски бег кој на постари години се вљубил во млада Македонка и и ја подарил палатата. Палатата имала приземје и кат, а фасадата била во вид на венци, капители и пиластри и претставувала синтеза на повеќе европски архитектонски стилови.

Посебен белег на палатата и давала масивната железна ограда во стилот на маниризмот, изработена од унгарски мајстори кои работеле на цели квартови во Париз. Палатата претставувала типична градба за периодот по Првата светска војна, а во тој период во неа бил сместен францускиот конзулат.

Во 1938 год. во палатата бил пренесен Природно-научниот музеј од соседната палата на Рубен.