Скромно и убаво: Oва е куќата во која порасна Каролина Гочева (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Кога ќе станете славна и популарна личност, некои забораваат од каде потекнуваат, а некои со гордост го кажуваат својот роден крај.

Таква и е поп пејачката Каролина Гочева која никогаш не го криела своето потекло и секогаш со позитевен дух и среќа зборува за својата родна Битола.

Каролина Гочева денес важи за една од најдобрите македонски вокали.

Таа потекнува од Битола каде што живеела до своите средношколски денови.

Поп пејачката денес живее и е омажена во Скопје, но секој слободен момент го користи за да оди во родниот крај.

Во секоја прилика ја спомнува Битола и не заборава од каде доаѓа. А во едно интервју откри која и е омиленета традиција од родното место.

На зелник со паре за Василица, на крукче по Широк Сокак, на нови чевли за Велигден, на неделни хумор ручеци во кругот на семејството, на специфичниот битолски.

Екипата на естрадниот магазин „Ексклузив“ беше во посета на Битола и го сними домот на пејачката.

Оваа е куќата во која пораснала Гочева и каде го поминувала своето детство.