Дуото ДНК оваа година слави јубилејни 20 години од постоењето и по тој повод на 3ти следниот месец ќе одржат роденденски концерт во салата Борис Трајковски.
Со цел да им го честитаат роденденот, речиси целата македонска (а и дел од српската) естрада, познати спортисти, водители, музчари испратија видео-порака до најпознатото дуо во нашата земја и кажаа по некој убав збор и зборуваа за тоа што значи ДНК за нив.
Сите во пораките честитаа и им посакаа многу среќа и успеси, само нивниот најголем ,,ривал” Слаткар ги „подбра“ истакнјвајќи дека мисли се најлошо за нив, додека она ДНК го отсеќа само на лекарски анализи.
Додека сите се пошегуваа на нивна сметка поради висината или “бушавата фризура”, раперот од Ново Лисиче со овие зборови секако се пошегува поради тоа што медиумите често ги споредиваат и прават ривалитет поради музиката која ја прават.
Слаткар во видеопораката зборува на 1:15 секунди во видеото а истото можете да го погледнете со клик ТУКА.