Славчо Попоски: Во септември влегуваме со ЛЕТНА топлина – ПРОДОЛЖУВАЊЕ на летото

ИЗВОРСкопје24
|

Оние кој се љубители да уживаат на плажите низ Македонија тоа ќе можат да го направат и на почетокот на септември месец иако веќе влегуваме во климатолошката есен сепак и понатаму ќе бидеме под влијание на топла летна воздушна маса која ќе условува натпросечно високи температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени додека до самиот крај од овој месец во најтоплите регионо од државава истите ќе се искачат и до околу 38 степени.

Уште утре само во планинските места во попладневните часови ќе има услкови за краткотрајна локална нестабилност а потоа следува стабилно, суво и сончево време повремено со мала до умерена облачност.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има релативно МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува 7 па добро е со себе и понатаму да се понесе заштитна опрема (капа и наочари за сонце). Инаку освен кај нас значително повисоки температури од вообичаените за почеток на септември ќе има и најголем дел од источна но и централна Европа и истите ќе бидат дури за околу 10 степен повисоки од нормалните.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ