СЛАВЧО НАЈАВУВА МАЛО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ, НО ДОЖДОТ И УМЕРЕНИОТ ВЕТЕР ОСТАНУВААТ И ДЕНОВИВЕ

ИЗВОРСкопје24
|

Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Од пладневните часови ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.

Потоа утре ќе имаме нешто постабилна атмосфера, иако има услови за изолирана појава на краткотраен дожд во попладневните часови. Ќе започне да дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува, особено во петок. Температурите на воздухот, поради продор на потопла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на пораст и од утре ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во петок попладне и во вечерните часови особено на запад ќе има локални врнежи од дожд и тоа под влијание на нов влажен бран. Врнежи на повеќе места ќе има во сабота и тоа особено попладне, ќе има услови и за локална појава на нестабилност проследена со грмежи. Исто така, сабота ќе биде малку посвежа. Потоа од недела повторно температурите на воздухот ќе бидат во пораст а атмосферата нема да биде во целост стабилна, што значи ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд во попладневните часови.