Славчо Попоски најавува: Утринските температури под нулата, на повисоките места снег

|

Како што и беше најавено од наша страна, за време на веќе изминатиот изразен влажен бран од запад кој ја зафати Македонија, најмногу врнежи донесе во западните предели. Во Пожаране наврнаа 34 л/м2 воден талот, 32 л/м2 во дебар, 29 л/м2 во Маврово, 23 л/м2 во Крушево, Лазарополе, Тетово и во Претор, 15 л/м2 во Охрид, додека на другите места количеството на врнежи беше помало.

На планините над 1000 м.н.в и особено во западните предели врнеше снег, па така особено на Скијачкиот центар Попова Шапка се формираше снежна покривка од околу 15 цм. Снег врнеше и во Маврово, а провејување на снег имаше и во Пониква.

Понатаму ќе има локални послаби врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Локално снежната граница ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што сосема слабо провејување на снег ќе има понекаде и во градовите (што значи дека во градовите не се очекува снежна покривка).

Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите наутро во следниот период речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени.

Максималните дневни температури исто така ќе бидат релативно ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени. Во најтоплите југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 10 степени.