Славчо Попоски: Очекувајте нова нестабилност на југозапад и запад – можна појава на град и поинтензивни врнежи

ИЗВОРСкопје24
|

Во следните 12 часа, особено југозападните и западните предели од државава ќе бидат под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, не е исклучено процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, позначително количество воден талог, електрични празнења како и со услови за појава на град.

Со ова, западните и југозападните предели од државава влегуваат во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ПОИНТЕНЗИВНИ АТМОСФЕРСКИ ПРОЦЕСИ.

Инаку, и во текот на изминатата ноќ особено југозападните и крајните западни предели од државава беа под влијание на изразена нестабилност која на многу места услови пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и локална појава на град.

Ги предупредуваме граѓаните во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, а овчарите да ги делат своите овци во помали групи за да ги заштитат.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ