Славчо Попоски: Октомври ни ги носи условите и за снег на планините – детална анализа

ИЗВОРСкопје24
|

Според моменталните анализи со кои располагаме, направени со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, во текот на октомври месец не е исклучена можноста да дојде до продор на позначително студена маса од север. Кога таа ќе стигне над нашите краишта, односно над Јадранот и Медитеранот, ќе дојде до формирање на циклонски системи кои нормлано условуваат врнежи, информира метеорологот Славчо Попоски.

Со ваквите спуштања на значително постудени воздушни бранови, има услови во текот на октомври да се случат и првите врнежи од снег на планините во Македонија.

Она што е интересно, според моменталното следење на развојот на временската состојба за следните месеци, е тоа што ноември, а посебно декември, би можеле да имаме значително постудено време за разлика од изминатите години, но со нешто помалку врнежи и тоа особено во ноември, но снегот сепак нема да изостане.

Сепак, генерално, и по температури и по врнежи, месец октомври ќе ни биде во границите на нормалата за овој период од годината.

Повеќе информации прочитајте на фејсбук профилот на Славчо Попоски ТУКА.