Славчо Попоски: Подгответе се, следува ново невреме, со ветер, грмотевици, град и поплави

|

Продолжува периодот на нестабилно време во Македонија. Сепак во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес поголеми услови за нестабилност ќе има во западните предели.

Во почетокот од следната седмица повторно на многу места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално за време на овој период повторно ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови НОВИ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВУВАЊА и ШТЕТИ, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова ПРЕПОРАЧУВАМЕ КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, и ги советуваме надлежните да бидат подготвени.

Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.