Славчо Попоски со неделна анализа – неделата пред нас ќе ја одбележи РОБЕРТ

ИЗВОРСкопје24
|

По студениот фронт изминатава недела кој услови невообичаено ниски минимални температури на воздухот кој во Беровскиот регион како и на повисоките и планинските места се спуштија под нулата ни следува нов циклон – РОБЕРТ. Истиот уште во текот на утрешното попладне ќе услови повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во западните и во северните предели од државава, има услови и за локална појава на грмежи.

Повремени врнежи од дожд ќе има и во вторник но со тоа што атмосферата ќе биде поисполнета со енергија па така локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожжд, грмежи, засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 утре и од 17 до 24 степени во вторник додека пак минималните исто така ќе бележат тенденција на пораст. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и од јужен правец и истиот особено на југозапад ќе засилува по интензитет.

Променливото време барем одсега гледано ќе се задржи во поголемиот дел од неделата која што ни следува но сепак за нови и по потреба обновени информации очекувате понатаму и секак од утре попладне доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да си понесете и чадор поради тоа што се работи за позначително нестабилна атмосфера.

За нови и подетални метео информации посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ ТУКА