Славчо Попоски: СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ЕСЕНСКА ТОПЛИНА

ИЗВОРСкопје24
|

До крајот на денов ќе имаме претежно сонлево време со мала до умерена локална облачност додека поголема облачност и тоа особено претпладне ќе има во југозападните и источните предели од државава. Максималната дневна температура ќе биде малку повисока и ќе се искачува во интервалот од 15 до 22 степени.

Веќе од утре па натаму под влијание на значително потопла воздушна маса од југ ќе има позначителен пораст на температуритекој на многу места ќе се искачуваат и над 20 степени. Во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат и до околу 25, 26 степени.

Времето ќе биде сончев со умерена локална облачност а особено во петок попладне ќе има услови за локален краткотраен познал дожд. Утре ќе дува умерен а особено на запад и во Пелагонија повремено засилен ветер од западен правец додека во петок истиот ќе го промени правецот во северен и особено поизнразен ќе биде на север како и Долж Повардарието. Северниот ветер во петок ќе услови краткотрајно и мало опаѓање на температуритена воздухот.

За нови и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ