Славчо Попоски: ВРЕМЕТО ИГРА топло – ладно, од среда ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ

ИЗВОРСкопје24
|

Времето и тоа како со граѓаните се игра топло – ладно. Тоа особено лошо влијае взр метеопатите односно врз граѓаните кои ги мачат временските промени. Во моментот се наоѓаме под влијание на студена воздушна маса од северна и од североисточна Европа која условува температури под просекот за овој дел од годината.

Сепак ова нема да потрае уште многу долго поради тоа што веќе од среда па натаму под влијание на значително потопла воздушна маса од југ ќе имаме значителен пораст на максималните дневни температури на воздухот и истите на многу места од среда, па и во деновите по среда ќе надминуваат 20 степени додека во најтоплите региони истите се очекува да се искачат и до околу 26, 27 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Локално повеќе облачност ќе има во четврток и во петок кога локално само не се исклучува можноста за појава на краткотраен послаб дожд. Исто такаособено во четврток ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен и западен правец и тоа најмногу изразен во западните предели од државава и во Пелагонија.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: По студениот бран со подпросечни температури на воздухот од среда па во деновите по среда ќе можете да уживате во значително потоплото време со повисоки температури на воздухот.

За нови и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ