Славчо Попоски со најава: Оваа ноќ и утре локална појава на нестабилност – МОЖНА појава на град

|

Во текот на оваа ноќ како и утре, како што веќе најавивме, ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено југозапад, а потоа и на запад, а можна е и во југоисточните предели од државава.

Локално, има услови нестабилноста да биде поизразена проследена со електрични празнења како и со услови за појава на град. Во случај на појава на електрични празнења, ги предупредуваме граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ