Славниот актер по 2 пропаднати брака среќата ја нашол во младата убавица која може да му биде ќерка

ИЗВОРСкопје24
|

Славниот шведски актер и јунак на акциските филмови, Долф Лундгрен, и фитнес инструкторката Ема Крокдејл, се вериле пред една година, а судејќи по последните фотографии изгледа дека уживаат во љубовта.

Иако многумина им предвидуваа крах, тие докажале дека разликата во годините не им претставува никаков проблем.

Овие денови 63-годишниот Долф и 24-годишнта Ема која инаку е врсничка со неговата ќерка, биле забележани како шетаат во улиците на Лос Анџелес.

Според зборовите на очевидците тие делувале заљубено, а дури и модните комбинaции им биле слични.

Инаку, парот се запознал во 2019 година во една теретана, а официјално својата врска ја потврдиле минатата година појавувајќи се на филмскиот фестивал во Доминиканската Република.

Во јуни 2020 година на својот Инстаграм профил тие објавиле дека се верени: „Нешто многу посебно се случи во Шведска“, напишал тогаш актерот.

Инаку, шведскиот актер светската слава ја стекнал во 1985 година во филмот „Rocky 4“, а познат е и по појавување во франшизите „Universal Soldier“ и „The Expendables“.

Долф бил во брак двапати, а со првата сопруга Пери Мом бил во брак една година, додека со другата сопруга поминал 17 години заедно, а од бракот добил и две ќерки.